Сервис за лаптопи, телевизори и звучници
Веќе 20+ години нудиме сервисирање и одржување на електроника, со сертифициран тим и илјадници задоволни клиенти во Скопје.
💻 Сервис за лаптопи
Ова е нашата главна специјалност уште од 2004 година. До сега низ нашиот сервис поминале над 10.000 лаптопи од сите брендови: HP, Dell, Lenovo, Asus, Acer, MSI, Apple. Секторот го води Христијан Николовски, сертифициран техничар со 10 години искуство, кој лично гарантира за квалитетот на секоја поправка.
Чистиме прашина, менуваме термална паста, поправаме матични плочи, шарки, тастатури и екрани, и спасуваме податоци од оштетени дискови. Препорачуваме лаптопот да го носите на редовна контрола и чистење на секои 6 до 12 месеци, тоа е најсигурниот начин да спречите прегревање и да му го продолжите векот.
📍 Добиј насоки
📺 Сервис за телевизори
Освен лаптопи, дијагностицираме и поправаме и она што најчесто се отпишува предвреме … телевизорите! Најчест проблем е дефект на кондензатор во напојната плочка (уредот не се вклучува или се гаси само од себе), а тука сме и за проблеми со задното осветлување (темни зони, треперење) и HDMI порти.
Во повеќето случаи поправката чини далеку помалку од нов телевизор, затоа секогаш вреди да проверите пред да купите нов.
📞 Контактирај нè
🔊 Сервис за звучници
Со оглед дека ние изнајмуваме професионална звучна опрема за свадби, настани и концерти, го познаваме секое парче однатре и однадвор, од домашни звучници до PA системи и засилувачи. Поправаме изгорени мембрани, оштетени конектори, засилувачки плочи и лабави внатрешни кабли.
Ако звучникот пука, крка или воопшто не дава звук, донесете ни го, обично проблемот се дијагностицира веднаш на лице место.
📍 Добиј насоки